МВР: Расчистен нападот на полицаецот од градоначалникот на Крива Паланка
Полицаецот Кристофер Стоевски, вработен во ПС Крива Паланка на Фејсбук објави дека пред неколку дена бил физички нападнат од градоначалникот на општината.
МВР денеска објави дека е расчистен нападот врз полицаецот од градоначалникот на Крива Паланка.
– Во врска со пријавата од К.С. во ОВР Крива Паланка дека на 14.01.2023 бил физички нападнат од С.М., преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и во полициска станица е извршен службен разговор со С.М., како и со сведок на настанот, информираат од МВР.
Како што велат оттаму, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок против С.М..

