МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Продолжуваат протестите на УЈП – не се откажуваат од додатоците на плата

   Време за читање помалку од минута

Договор меѓу Владата и синдикатите за повисоки плати и регрес во јавниот сектор не ги решава проблемите во УЈП и Царина. Вработените во овие институции не отстапуваат, додатокот на плата од 30 проценти бараат да им биде исплатен, затоа што им следува според закон.

Од УЈП велат дека продолжуваат со двочасовните протести, а тече и постапката за генерален штрајк. Го поздравуваат вчерашниот договор на економско-социјалниот совет, но велат дека нивното барање не било дел од овие разговори.

На почетокот на идната недела ќе се знае точно дали ќе се најде решение или пак вработените од УЈП ќе стапат во генерален штрај, што ќе значи колапс на целата држава.

Повеќе на Телма