ПРОКРЕДИТ – ПРВА БАНКА ВО ЗЕМЈАТА КОЈА ВОВЕДУВА ФЛЕКСИБИЛНОСТ ЗА РАБОТА ОД ДОМА ЗА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ“
Со почетокот на ковид 19 кризата, компаниите беа принудени да се адаптираат на новите услови за работа со цел да се заштитат здравјето и благосостојбата на своите вработени. Пандемијата го забрза процесот кај одредени компании да донесат одлука за работа на вработените од своите домови. ПроКредит Банка Македонија, го отвори прашањето на флексибилно работно време и пред пандемијата, но истото се реализира подоцна и конечно се воведува концепт за можност за работа од дома на вработените на ПроКредит Банка.
Банката за своите вработени обезбедува соодветни средства за работа и извршување на редовните работни активности – лап топ, добра интернет конекција и останати помошни средства. Со ова се овозможува непрекинато поврзување кон апликациите на банката со цел извршување на секојдневните работни активности.
Повеќе на Пари.ком.мк

