Просечната нето плата во ноември 41.999 денари
Време за читање помалку од минута
Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната нето плата во ноември 2024 година, изнесувала 41.999 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.3 %), Транспорт и складирање (12.7 %) и Преработувачка индустрија (11.2 %), велат од ДЗС.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (8.0 %), Дејности во врска со недвижен имот (5.9 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2.6 %).
Додека пак, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2024 година, изнесувала 63.154 денари.
Latest posts by Редакција (see all)