ЕкономијаМакедонијаНовости

Просечната плата во мај достигна 36.465 денари

   Време за читање 1 минута

Просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во мај годинава изнесува 36.465 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, изнесува 116.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25,5 %), Стручни, научни и технички дејности (21,4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,8 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата за вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5,3 %), Стручни, научни и технички дејности (5,0 %) и Транспорт и складирање (4,3 %).

Според статистичарите, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во мај годинава, во однос на мај лани, изнесува 116.4. Просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во мај 2023 година изнесува 54.675 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата за вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (24,3 %), Стручни, научни и технички дејности (21,6 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18,9 %) – потврдуваат од ДЗС.