СветСветот на работникот

Стапката на невработеност во Словенија најниска од 1990 година

Стапката на невработеност во Словенија достигна историски ниско ниво. Во моментов изнесува 4,5 проценти, што е најниско ниво од 1990 година.

Минатиот месец во земјата биле регистрирани 42.245 невработени лица, што претставува намалување од 1,9 проценти во однос на мај, односно 0,4 проценти помалку споредено со јуни 2024 година.

Невработеноста е намалена во сите словенечки региони, а најголем пад е забележан во Ново Место, Мурска Собота и Крањ.

Кога станува збор за структурата на невработените, најголем број и понатаму има кај лицата постари од 50 години и кај долгорочно невработените, иако и овие две категории бележат намалување.

Словенија се соочува со недостиг на работници

И покрај ниската стапка на невработеност, Словенија се соочува со сериозен недостиг на работна сила.

Минатиот месец биле објавени огласи за илјадници слободни работни места. Најголема потреба има во образованието, каде што најмногу недостигаат наставници и воспитувачи.

Недостиг на работници има и во градежништвото, угостителството, здравството и преработувачката индустрија.

Поради тоа, компаниите сè почесто се принудени да бараат работници надвор од границите на Словенија.

Извор: b92.net