Просечната плата е се уште далеку од покривање на минималната кошница
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември изнесува 28,294 денари, додека според Сојузот на синдикатите на Македонија, синдикалната минимална кошница за декември изнесува 33,670 денари. Просечната плата е за 5.376 денари или 19 % помала од синдикалната минимална кошница.
Премиерот Зоран Заев се пофали со растот на просечната плата, но реалноста покажува дека таа не е доволна за да може да ги задоволи потребите на едно четиричлено семејство, а тоа го покажува и фактот дека просечната плата е далеку помала од синдикалната минимална кошница.
Според податоците на ССМ, во декември на едно четиричлено семејство, најмногу пари потрошило на исхрана и пијалаци или 14,078 денари, а најмалку за одржување на здравје -724 денари.
Во табелата подолу можете да ги погледнете елементите кои ја формираат минималната синдикална кошница:
Елементи кои ја формираат вредноста на минималната синдикална кошница | Meсец 12
2020 |
% учество структура |
Исхрана и пијалоци | 14 078,27 | 41,78 |
Домување | 10 817,34 | 32,10 |
Хигиена | 2 386,07 | 7,08 |
Превоз | 2 464,22 | 7,31 |
Облека и обувки | 2 159,41 | 6,41 |
Култура | 1 066,79 | 3,17 |
Одржување на здравје | 724,80 | 2,15 |
Вкупно: | 33 696,90 | 100,00 |