Протестираат вработените во бугарската државна млекарница
Вршителот на должноста министер за економија Петко Николов побара оставка од раководството на државното претпријатие за преработка на млеко „ЛБ Булгарикум“. Причина се протестните акции на вработените против голем број насобрани проблеми и барање зголемување на платите.
Министерот Николов оствари средба со вработени во компанијата „ЛБ Булгарикум“ ЕАД, кои протестираат. Пред него беа истакнати низа наталожени проблеми и беа поднесени барања за зголемување на основните плати, за обезбедување специјализирана работна облека, за почитување на условите за работа и распоредот за кумулативно пресметување на работното време и други. Вработените го известиле министерот за економија дека има уште голема количина на акумулирани готови производи, за која постои ризик да не се реализира на пазарот.
На средбата Николов побарал оставка од целокупното раководство на „ЛБ Булгарикум“ и ѝ наредил на Државната компанија за консолидација (ДКК), која е налогодавач на компанијата, да ги преземе неопходните активности за итна промена и регистрација на нов одбор, објави Телеграф.бг.
Фото: Принтскрин Јутјуб/ Слободен печат
- СПМ одржа состанок со Министерот Тошковски - 06/02/2025
- Неделков на средби со членовите на СОНК - 06/02/2025
- Ќе згасне ли автомобилската индустрија во Германија? - 06/02/2025