МакедонијаНовостиСиндикат

Протести на синдикатите од здравствениот сектор

   Време за читање 1 минута

Синдикатот на клинички центар денеска ќе одржи протест, кој ќе започне од 10 часот. Како и што претходно објавивме, причините за одржување на протестот се повеќебројни. Една од нив е и неусогласувањето на платите на здравствените работници со новата минимална плата која од минатиот месец се зголеми на 22,500 денари.

Од синдикатот на клинички центар истакнаа дека од политичките партии ќе побараат реализирање на ветувањата, наместо празни флоскули. Тие ќе побараат и решавање на статусот на договорците на дело и приватните специјализанти, како и бесплатен паркинг за вработените во кампусот „Мајка Тереза“.

„Флоскулите од типот ќе правиме ова, ќе правиме згради и болници, не се во ред. Како ќе прават болници кога нема кадар кој ќе ги лечи луѓето. Кадарот останува за плата. Ако се покачи платата, работниците може да останат во Македонија. Во овие пет-шест години егзодусот е максимален“, рече Серафимовски.

По протестот, според информациите што ги добивме, синдикатите ќе имаат средба со Министерот за здравство, Илир Демири.

Инаку, Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита со протестот започна во 9 часот од пред зградата на ССМ. Од таму, тие ќе се упатат пред Министрството за здравство.

„Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот“, велат од синдикатот. 

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *