НовостиПравда

ПРОТЕСТ за сознанијата од Онкологија!

   Време за читање 2 минути
Соопштение на Платформата „Одговорност“:
 
Ве повикуваме на протест во врска со сознанијата од Онкологија пред Владата на Македонија денес, понеделник, 02.10.2023 во 18 ч. Овој протест ќе биде сконцентриран само пред Владата на Македонија.

Платформата Одговорност од минатиот протест до сега целосна ја презема организацијата за овие протести. Формирана од неколку граѓани кои имаме лична приказна поврзана со сознанијата од Онкологија. Бидејќи, немаме доверба во правосудниот систем, институциите, решивме да делуваме и ја формиравме оваа Платформа без никаква политичка позадина, натетничка, без никаква финансиска поддршка, во спомен на нашите прерано загубени блиски, за поддршка на сите онколошки пациенти и нивните семејства, но и за сите останати граѓани кои се борат со овој систем. Платформата Одговорност од овој протест ќе започне и со читање на приказни на граѓани-пациенти кои се соочиле со нехуман третман во Здравството. Засега, ќе ставиме акцент на Здравството, но во иднина и на секоја неправда која доаѓа од секојдневието. Секако, нема да генерализираме, осудуваме, бидејќи ќе ги споделуваме и позитивните приказни и позитивните искуства од Здравството, со цел да ги заштитиме медицинските лица кои пожртвувано и автентично ја работат својата работа. Нека овие протести станат симбол на јавна критика на неправдата.

Ве охрабруваме да создадеме критичка маса, толку силна, достоинствена, моќна, каде секој еден живот ќе се почитува во ова општество и во иднина да не дозволиме третман како што го дозволувавме до сега! Силно порачуваме до сите медиуми, новинарски лица, одговорно да ја пренесат оваа наша порака. А, ние сме овде да вршиме притисок врз институциите.

Воедно, остануваме и на следниве Ултиматуми:

1. Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев
2. Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија
3. Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија
4. Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија
5. Обелоденување на инфорамциите од истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово!
6. Одговорност од ЈО кое одлучи дека нема кривичо дела во трагичниот случај со малата Јана од Битола.

Се гледаме денес, понеделник, 02.10.2023,, 18 ч. пред Владата на Македонија.

Со почит,

Платформа Одговорност