- Advertisement -
НовостиПравда

Проф. Барбареев: Концепцијата не е копиран фински модел, создадовме реформа во контекст на општеството

183views

Креирањето на Концепцијата за основното образование не е направена за краток период, туку таа претставува голема слика на она што како работна група го замислуваме и гледаме, што треба да се реализира во период од пет години, истакна професорот Кирил Барбареев од Универзитетот „Гоце Делчев“ во емисијата „Објектив“ на Националната радио телевизија. 

“Концепцијата не е она што прозвучи во јавноста дека е копиран финскиот модел, туку дека се консултирани многу воспитно-образовни модели. Вистина е дека се пристапи врз основа на контекстот на општеството, врз основа на интеркултурноста, на потребата од посоцијална кохезија внатре и една од појдовните основи на концепцијата е всушност интеркултурата. Првата точка на концепцијата се учениците и децата за кои го создаваме воспитно-образовен систем. Вториот момент се наставниците. Знаете во овие 20-30 години се случија различни состојби со реформи со концепции, со дебати во подигање на нивото и голем дел од системот има голема недоверба, што е тоа што сега се случува, што се тие новини, што овие професори измислуваат или сакаат, кои се сега овие егзибиции. Така да на различно ниво е сензитивна јавноста”, рече Барбареев. 

Барбареев истакна дека работната група ги има земено во предвид сите прашања коишто сега се отвораат во јавност и дека крајната цел на концепцијата е подобрување на резултатите од учење и подигање на нивото на воспитно-образовниот систем.

“Оваа концепција, потенцираше професорот, лежи на национални стандарди кои што произлегуваат од препораката на Европската комисија за образование од 2018 година”, рече Барбареев.

„Тој според мене, и покрај стотици други документи кои што се анализирани е клучниот документ, на кој што всушност сега колегите од дисциплините ќе тргнат во креирање на наставните програми, бидејќи нашата цел не е да се фокусираме на учебници, лекции, нашата цел е да се фокусираме на излезните резултати, да дојдеме до резултати со кои ќе бидеме споредливи и како што се радуваме на примери на поединци, нашата цел е тоа да стане подинамично, да стане систем, вели Барбареев.

Барбареев објасни дека со концепцијата се предлага формативното оценување, а тоа значи повеќе методи на оценување каде што континуирано се следи ученикот од аспект на есеи, усмено испрашување, презентации, тимска работа, односно повеќе аспекти од квалитетот на знаењето на ученикот”, рече Барбареев.