ЗанимливостиСветот на работникот

Работата за време на карантин убаво ни дојде

93views

Додека човештвото работело од дома (барем тие што можеа) во месеците дур беше под клуч, бројот на работни часови се зголемил за речиси 50 минути дневно

Заклучокот е на основа на 3,1 милион луѓе во повеќе од 21.000 компании во 16 градови во Северна Америка, Европа и Блискиот Исток, а се споредува однесувањето на вработените во два периода од по 8 недели, еден пред и еден после ковид-19 карантинот.

Истражувачите на располагање имаат мета-податоци од мејлови и состаноци од овие луѓе од кои заклучуваат дека работниот ден во периодот под клуч траел 48,5 минути подолго, бројот на состаноци се зголемил за 13% а луѓето дневно во просек испраќале по 1,3 мејлови повеќе.

Тоа што е позитивно во целата работа е што дополнителните состаноци биле пократки.

Претходни студии базирани на податоците од користењето ВПН покажале дека во САД работниот ден траел 3 часови подолго и дека луѓето се логирале да работат во нестандардни часови.