ПравдаСветот на работникот

Скептичност околу спроведувањето на работничките права во пракса

Пред неколку дена нашата редакција објави текст преземен од платформата „мој труд, мои права“, во врска со правата на работниците за пауза на работно место, дневен, неделен и годишен одмор, во кој се објаснува за секое право поедничено, како и се толкуваат членовите од Законот за работни односи коишто ги одредуваат овие права.

Реакциите на некои од нашите читатели беа очекувани за нашата редакција, но заклучивме дека треба да ги предочиме на јавноста.

Најголем дел од оние коишто коментрирале на фејбук постот се скептични околу спроведувањето на гореспоменатите одредби од ЗРО, нагласувајќи дека се е тоа „ветер во магла“ и дека не се почитуваат од страна на газдите. 

„Мртви букви на хартија, само обична формалност, речиси ништо од сето тоа во реалноста“, пишува еден од читателите, додека друг читател се надоврза на овој коментар со неговиот став дека теоријата е едно, а праксата е нешто друго. 

Има и такви коментари коишто се однесуваат на административците: „Покрај дневниот одмор, работниците во државната администрација кои пушат цигари се привилегирани и го дуплираат дневниот одмор на работното место (20 – 30 минути, а ко не и повеќе, тие имаат кратки паузи за пушење цигари)“, стои во еден од коментарите. 

Замерувањето на пофлексибилните паузи на административците, од страна на кои работат во приватниот сектор не е некоја новост и може често да се забележи на фејсбук постовите на текстовите од нашиот портал и истото се должи на тоа што во некои од компаниите во приватниот сектор не се почитуваат овие права. 

Бобан Илијевски