Работа на далечина како амбиверт
Работата на далечина е тема на која ретко се дискутира кај нас, а е и тоа како важна, бидејќи од 2020 година, кога започна пандемијата со Ковид – 19 стана доста популарна. Тогаш дел од вработените, вклучувајќи ме и мене, се префрливме на работа на далечина. Откако се стиши пандемијата дел од нас се вратија на работа од канцеларија. Јас по скоро една година работа од канцеларија повторно се вратив на работа од дома.
Првата година навистина ми беше убаво бидејќи бев пофлексибилен, а и плус дека сум амбиверт (мешавина на интроверт и екстроверт), убаво ми дојде тоа што имав можност да бидам сам. Мислам дека некаде на средина од втората година веќе почувствував дека не можам да работам само од дома, бидејќи на онаа мојата екстровертна страна и“ треба контакт со луѓе, а нели пошто работам од дома, не сум баш во конткат со луѓе освен со најблиското семејство. На почетокот бев и повеќе продуктивен и мотивиран, а подоцна мотивацијата некако ми избледе, па морав да се потпирам на самодисциплината (тешко е да се стекне, но е и тоа како потребна) која морам да признаам дека на почетокот и ја немав баш, бидејќи самата работа во канцеларија подразбираше дисциплина, ако ова има смисла :). Повремено одам во канцеларија или работам од некое кафуле, па така ја хранам екстровертната страна на мојата личност.
Затоа, како и што споменав претходно, многу е важно да се изгради самодисциплина кога работиш од дома, а притоа немаш стриктна контрола од страна на работодавачот. Во мојот случај се’ се заснова на доверба, а тоа значи дека јас сум тој што треба да води ред за работните задачи. За среќа, уште од мал сум саоиницијативен, па не ми е тешко сам на себе да си задавам работни задачи. Ова ѕвучи како сам-фалење, но воопшто не е така.
Кога сме кај работата на далечина, дел од компаниите нудат и хибриден модел на работа кој нуди една балансираност помеѓу работењето од дома и од просториите на работодавачот. Според мене, ваквиот модел на работа е иднината, особено за оние кои се амбиверти, како што сум јас.