Дигитални номадски визи во Европа: Каде можете легално да живеете и работите?
Работата на далечина одамна не е привремен тренд – таа стана начин на живот. Препознавајќи го потенцијалот што го носат дигиталните номади, сè поголем број европски земји воведуваат посебни визи за работа на далечина, овозможувајќи им на странските државјани легално да престојуваат и работат во Европа, без вработување кај локални работодавачи.
По пандемијата, слободата да се работи „од било кое место“ стана реалност за милиони луѓе. Земји како Хрватска, Шпанија, Португалија и Грција ја искористија оваа можност за да го зајакнат туризмот надвор од главната сезона, да привлечат високообразовани професионалци и да ги ублажат проблемите како одливот на мозоци и стареењето на населението.
За државјаните на земји надвор од ЕУ, дигиталната номадска виза носи нешто клучно – правна сигурност, престој без прекршување на имиграциските прописи и, во многу случаи, можност за слободно движење во рамки на Шенген-зоната.
Каде се достапни дигиталните номадски визи?
Европа во моментов нуди повеќе од 20 опции за работа на далечина, а условите значително се разликуваат од земја до земја. Некои визи се специјално креирани за дигитални номади, додека други се адаптација на постојни престојни или деловни визи.
Најпристапни опции
- Албанија – престој до една година (со можност за продолжување), низок праг на приходи
- Црна Гора – двегодишна виза и поволни трошоци за живот
- Бугарија – евтина база за влез во ЕУ, но со повисок минимален приход
Најпопуларни дестинации
- Хрватска – без данок на приход за дигитални номади
- Португалија – една од најбараните дестинации, со стабилен систем
- Шпанија – престој до пет години со даночни олеснувања
- Грција – сонце во текот на целата година и релативно едноставни услови
За лица со повисоки приходи
- Исланд – високи барања, но без даночен резидентски статус
- Норвешка – бара локален клиент и плаќање данок
- Италија – нова виза со построги административни правила
Дигитално најнапредни земји
- Естонија – пионер во дигиталните визи и е-резидентството
- Чешка – погодна за фриленсери кои сакаат локални клиенти
- Малта – краткорочна флексибилност, но со нејасни даночни правила
Што најчесто е потребно?
Во поголемиот дел од земјите, дигиталните номади мора да ги исполнат следниве услови:
- да работат за компанија регистрирана надвор од земјата домаќин
- да имаат минимален месечен приход (од околу 1.200 до над 7.000 евра)
- здравствено осигурување
- доказ за сместување
- да не се осодувани
Во многу случаи, членовите на семејството можат да се приклучат на носителот на визата, но без право на работа.
Дали се исплати?
Доколку сакате да живеете во Европа, да работите на далечина и легално да патувате низ Шенген-зоната, дигиталната номадска виза може да биде идеално решение. Вистинскиот избор зависи од вашите приходи, професија и стил на живот – без разлика дали преферирате медитерански плажи или северни планини.
Европа им се отвори на дигиталните номади. Прашањето е само – која земја најмногу ви одговара?
Извор: BIZLife.rs

