Правда

Работна средба на министерката Мизрахи со амбасадорот на Италија, Карло Ромео

Работна средба - Работник
161views

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео на која уште еднаш беа потврдени врските коишто ги соединуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Италија на нашиот еврионтеграциски процес. Всушност Република Италија отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес.

Во таа насока, амбасадорот Ромео рече дека двете земји имаат значајна традиција на соработка на политичко, економско и културно поле, како и на цврстите билатерални врски окарактеризирани со бројни средби и институционални посети на највисоко ниво. Тој ја потврди и поддршката на процесите во  Министерството за труд и социјална политика кои се во правец на унапредување на системот за социјална и детска заштита.

Министерката Мизрахи рече дека двете земји се поврзани и со успешно спроведување на  Договорот за социјална сигурност потпишан меѓу двете земји во 2014 година кој меѓу другото вклучува задолжително пензиско и здравствено осигурување. Договорот се применува на граѓаните од двете држави и е од ислкучително значење бидејќи им дава сигурност на граѓаните кои престојуваат во другата држава.

Заедно констатираа дека односите помеѓу нашите две земји се солидни, но постојат конкретни услови за нивно подобрување.

Извор: МТСП