Работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика
На 16.09.2024 Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС присуствуваше на работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика. Како претставник на КСС беше д-р Предраг Серафимоски, Претседател на „Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија – ССКЦ“. На средбата се дискутираше за социјалниот дијалог во државата, проблемите и притисоците коишто ги имаат синдикалните лидери во однос на синдикалното организирање. Воедно се дискутираше и за мешањето на политиката во потпишувањето на колективните договори, потенцирајќи дека во моментот најзагрозени се секторите образование и здравство. Секако се стави и акцент на борбата на синдикатите за повисоки плати и достоинствена работа на работниците.
- Наполнила 65 години, родила пет деца, но останала без пензија: Хрватскиот закон не ја признава грижата за деца како работен стаж - 12/06/2025
- И со плата од 2 милиони долари Мета нe може да ги задржи ВИ талентите - 12/06/2025
- Берлин на пат да го престигне Минхен: Германската престолнина се издигнува како нов економски центар - 12/06/2025