Работниците во „Баргала“ од 1 март остануваат без здравствено осигурување
Неофицијален извор на Порталот Работник од текстилната фабрика „Баргала“ во Штип, во очај не извести дека во истоимената фабрика вчера измрзнале поради тоа што не било вклучено парното, целото работно време.
Нашиот извор вели дека веќе никој не води сметка околу нивната фирма, дека сите знаат, а никој не го решава нивниот проблем. Според нашиот извор за оваа ситуација било извесетно и Министерстството за труд и социјална политика.
Изворот истакна дека од 1 март повторно ќе немаат здравствено осигурување, а поради зголемен обем на работата денеска и во четврток ќе работат до 17 часот.
„Стварно веќе немам сили да се борам со ова. На нашиот газда изгледа никој ништо не му може. Не можам да дадам отказ поради тоа што имам кредит од неговата банка барем уште две години. Еве сега се ближат избори, а тој ќе фрли некоја паричка и ќе продоложи по истото темпо“, вели изворот од текстилната фабрика.