Работниците сѐ повеќе бараат „sabbaticals“: Дали сте слушнале за ова?
Работниците сѐ повеќе бараат фирми кои нудат продолжено, најчесто платено, отсуство од работа (sabbaticals) за полесно да се справат со синдромот на согорување, да стекнат нови искуства и да ја усогласат работата со приватниот живот.
Повеќе од половина од анкетираните менаџери, конкретно 53 %, рекле дека нивните организации на вработените им нудат продолжено отсуство од работа, додека одречно одговориле 29 % од испитаниците, покажало најновото истражување на британскиот институт CMI.
Во него се наведува дека 62 % од менаџерите кои работат во јавниот или хуманитарниот сектор велат дека нудат продолжено отсуство од работа наспроти 44 % од оние во приватниот сектор, пренесува Гардијан.
Продолженото отсуство од работа може да го зголеми задоволството на вработените и со тоа да помогне тие да останат во компаниите, се наведува во извештајот.
Овој вид на отсуство од работа често може да трае неколку недели или повеќе од една година и често значи патување низ светот, што претставува главна цел на милениумците, но и време за стекнување нови знаења и вештини.
Вработените не го користат овој период само за пасивен одмор, туку и за истражување на различни професионални цели и опции, а фирмите ги сфатиле нивните потреби и се трудат да ги задржат своите креативни и квалитетни вработени кои согореле од премногу работа, пренесуваат медиумите.
Компанијата Мајкрософт го нуди овој вид на продолжено отсуство на вработените кои во фирмата се повеќе од 10 години во форма на осум недели платено отсуство, додека технолошката компанија Адоби на работниците кои во фирмата се повеќе од пет години им нуди дополнителни четири недели отсуство, пренесува порталот Фајненсбаз.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/fizkes
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025