Светот на работникот

„Работници со 30 години стаж добиваат откази, на нивно место ќе се вработуваат странци“

Фејсбук статус на Кристина Ампева, Претседателка на „Гласен Текстилец“:

Работниците со стаж од 30 години добиваат откази од текстилни компании, а на нивно место ќе дојдат работници од Непал и Бангладеш!

Се додека работниците потпишуваат договори од неопределено работно време, на договори од 1 ден, ние и инспекторатот остануваме немоќни! 😔

Сето тоа за да не исплатат испратнини согласно закон. Нашите работоспособни работници завршуваат како невработени лица под Агенцијата за вработување!

🚫⚖️ Овде, иако изгледа законски, во други земји ваквите газди би одговарале!

Носењето на работниците од други земји, ќе придонесат да биде намалена вредноста на трудот на македонскиот работник! Затоа е битно работниците да започнат да се организираат. Итно и неодложно! Да спречиме наместо да лечиме!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *