Работодавачите исплашени од новата инвестиција во Штип, поради нелојална конкуренција стравуваат дека ќе останат без работници

Македонските работодавачи во најавената странска инвестиција во ТИР зоната Штип, гледаат нелојална конкуренција.

Доколку странскиот инвеститор биде ослободен од плаќање данок и придонеси за вработените. Велат дека домашните фирми веќе работат со намален капацитет поради недостатокот од работна рака.

-Кај нас под заводот нема невработени, а тоа значи дека за да се вработат нови 600 луѓе или ќе се префрлат работниците од постоечките капацитети во новата фирма или да се увезе таква работна сила од странство, изјави Кирил Нашков, Текстилен кластер – Штип.

Од Организацијата на работодавачи пак со став дека е штета што не доаѓаат компании кои ќе донесат висока технологија, туку се работи за индустрија многу слична на нашата, која бара многу мануелен труд.

-Вакви компании кај што луѓето мотаат некои каблови кои се увозна компонента, навистина не гледам логика во тоа, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Даноците и придонесите учествуваат со околу 60 % во однос на нето платата, па домашните стопанственци се ставаат во подредена позиција.

Тоа се огромни пари, субвенции кои им дозволуваат на тие компании на со 2000-3000 денари повисока плата, да ги привлечат работниците од нашите конфекции и другите трудоинтензивни дејности, додаде Димитров.

Домашните фирми ќе ги намалат капацитетите, а во крајна сметка губи и државата, зашто се откажува од сигурен извор на финансии.

Извор: Сител

Фото: Shutterstock