Размена на искуства во привлекувањето на странски инвестиции со Канцеларијата за инвестиции на Република Турција
Со посредство на Турската Aгенција за Sоработка и Kоординација (ТИКА), Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ и Турската Канцеларија за инвестиции во рамки на Претседателството на Република Турција оддржа видео конференција за размена на искуства на полето на промоција и привлекување странски инвестиции.
На целодневниот настан, од страна на учесниците од двете институции, беа разменети корисни информации за институционалните рамки и начинот на промоција и привлекување и на инвестиции, предизвиците со кои се соочуваат агенциите во услови на ковид кризата како и позитивни искуства и практики.
Дополнително, претставниците на Турција ја претставија нивната нова стратегија за странски директни инвестиции (СДИ), додека пак претставниците на Агенцијата ги претставија активностите за промоција и поддршка на извозните потенцијали на македонските компании.
Од самиот настан произлезе заклучок дека ваквите програми за размена на искуства се само почетна точка за градење на идна поблиска соработка. Со цел продлабочување на соработката, беше договорено да отпочнат активности за потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете институции.
Најавена е и посета на турска делегација на Агенцијата кога за тоа ќе има услови, во контекст на ковид пандемијата.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025