ЗанимливостиСветот на работникот

Размислувате за промена на работата? Прво одговорете на овие прашања

Грците кои биле во карантин - Работник
168views

Една од најчестите причини за промена на кариерата е ставот дека “работата која ја работиме е здодевна“, но таков став имаат голем дел од луѓе без оглед на тоа со која работа се бават.

Во зависност од текот на вашата здодевност, развивањето на емоционална свест ќе ви помогне да бидете поупорни и помотивирани за спроведување на промените, а би требало себеси да си одговорите кои се причините за вашата здодевност, пишува порталот 24часа.

Зошто ми е здодевно? До здодевност на работното место доаѓа ако: 

  • не се користи вашиот полн потенцијал
  • жедни сте за авантура
  • работата повеќе не е предизвикувачка
  • долго време сте на иста функција
  • премалку се движите помеѓу колегите или сакате да работите со нови луѓе
  • ви се промениле интересите и/или вредностите.

Размислете и одговорите си себеси на овие прашања: 

  • Што здодевноста ви зборува за она што е потребно?
  • На што се надевате: физички, ментално и социјално кога ќе го решите тој проблем?
  • Што ќе преземете за да најдете решение за тоа што ви е здодевно?
  • Што досега сте направиле?
  • Имате ли вистинска поддршка која ќе ви помогне да пронајдете решение?

Ако до евентуалната промена на кариерата сакате да работите на себе, следите ги овие совети:

  1. „Наполнете“ ги телото и умот така да можете да се фокусирате на работи кои ве опуштаат и на физичката активност.
  2. Размислувајте за личниот раст и за она што можете сами да го направите за да себеси си ја подигнете вредноста.
  3. Размислете за вашата кариера и за тоа што досега сте направиле, кои ви биле најзначајните моменти во работата и кои се вашите евентуални недостатоци во вештините.
  4. Бидете свесни за својот внатрешен „монолог“.
  5. Негувајте ги смислените односи.

„Изминатите години се уверив дека промената на кариерата бара сеопфатен пристап. Но, најважно е прашањето во што уживате, особено бидејќи ’во што сте добри’ и ’што уживате да работите’ не мора да биде исто. Еден од начините да си одговорите на тоа е да се запрашате кои задачи, разговори и работи на работа ви се најмили. Според книгата ’Икигаи: Јапонската тајна за долг и среќен живот’, Икигаи е нечија причина за постоење. Четирите поими кои се пресекуваат и сочинуваат нечиј икигаи се мисијата, страста, називот и давање на другите. Страста и работата не мораат непоходно да одат рака под рака, но можат меѓусебно да се дополнуваат. А, кога ќе се вкрстат вредностите, интересите, називот и значењето ќе го пронајдеме и исполнувањето“, смета Рејчел Монтанез, уредничка на Кариера во Форбс.