МакедонијаПравдаСветот на работникот

Во Желино почина работник кој паднал од скеле

Утрово во тетовската полиција бил пријавен смртен случај кој настанал при извршување на градежни работи.

Имено во тетовскoто село Желино, 57-годишник од селото Глоѓи, паднал од скеле и починал на самото место, а смртта била констатирана и од доктор од итната медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.