- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Ракоплескање и за британските здравствени работници

Ракоплескање и за британските - Работник
200views

Слоганот #ClapForNHS или ракоплескај за Националните здравствени служби (НХС) трендира на интернет во Велика Британија. Како и во други земји луѓето излегуваат на балконите и на прозорците за да ги поздрават хероите во пандемијата на коронавирусот.

Националните здравствени служби на Велика Британија се наоѓаат под огромен притисок поради растечкиот број на тешки случаи на заболени од Ковид-19 во земјата. НХС и пред корона-кризата се наоѓаше во незавидна ситуација, кога станува збор за опременоста со кадар и медицинска техника.

Advertisement

Бројката на починати од вирусот во Велика Британија во меѓувреме се искачи на преку 1200 а британскиот премиер Борис Цонсон, кои и самиот е заразен од коронавирусот и раководи со земјата од домашна изолација, најави дека 20 илјади поранешни вработени во НХС ќе се вратат во службите за да помогнат во борбата против коронавирусот.

Извор: Дојче Веле

Advertisement
Advertisement

Advertisement