ЕкономијаМакедонијаНовости

Ралповски: Очигледно е дека цените растат поради нефер трговски практики

   Време за читање 1 минута

Пред се’, ако ја споредиме оваа анкета со претходната ќе видиме видиме дека на една половина од граѓаните до некаде им стига семејниот буџет, дека го трошат за храна итн. Мора да кажеме дека овие анкети се направени на цело население во државата, тука спаѓаат и пензионерите и социјално ранливите категории, рече Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Балгоја Ралповски во „Детектор“ на ТВ сител, додавајќи дека во последниве години пензионерите се во категоријата луѓе во сиромаштија.

„Има некакви придвижувања, какви се тие придвижувања не знаеме, но мора да го кажеме она што е многу битно – имавме години позади нас со големи инфлации. Кога се средија работите на берзата, кога се средија работите и со енергенсите, со горивата итн., оние цени коишто останаа на тоа ниво, почнаа повторно да растат поради очигледно нефер трговските практики на трговците. Тоа е проблемот на којшто треба сите да се осврнеме – зошто цените и понатаму растат кога трошоците за производство не растат кај трговците и производителите?“, рече Ралповски.

На последниот Економско – социјален совет, како што посочи, дале неколку предлози и додаде дека ќе се прави потрошувачка кошница, но нивниот предлог е да биде потрошувачка кошница во која сите социјални партнери ќе учествуваат. Истакна дека за него е непознато зошто се уште не се намалија цените на основните производи откако се стаблизираа цените на репроматеријалите.

Целосната емисија во продолжение: