- Advertisement -
Занимливости

Ресторан во Ланзарот храната ја готви над џиновскиот вулкан

Ресторан во Ланзарот храната ја готви над џиновскиот вулкан - Работник
141views

Овој ресторан во Ланзарот ја готви својата храна преку топлината која ја испушта вулканот. Не само што ова е еден од најуникатните начини на готвење, туку е и еден од најопасните. Во овој ресторан се готви на 450 степени Целзиусови, а се приготвува месо и риба. Ресторанот „Ел Диабло“ во Ланзарот, користи огромна геотермална топлина од заспаниот вулкан за да ја готви својата храна. Оваа огромна скара го прави ресторанот уникатно место за посета во срцето на Националниот парк Тиманфаја, ресторанот има прекрасен пофлет и навистина е уникатно место за јадење.

Готвењето преку вулкан може да звучи ризично, но последната ерупција на вулканот беше дури во 1824 година, така што научниците сметаат дека моментално местото не е ризично. Во Ресторанот „Ел Дибло“ се готви на топла пареа која излегува од заспаниот вулкан. Оваа топла пареа се крева низ дупка во земјата што потоа го готви месото што се става на скарата која е од леано железо.

Advertisement

Уште во 1970 година архитектите Едуардо Касерес и Исус Сото, дизајнираа неконвенционален систем за готвење, така што ќе може да ја издржи и топлината на вулканот. Користејќи девет слоја на вулканска базалтна карпа за да ја направат скарата, тие беа во можност да го направат методот за готвење безбеден. Архитектите велат дека научниците потврдија дека методот на готвење е безбеден, исто така биле консултирани и вулканолози за да ги проверат необичните методи за готвење. На ова место се зготвени многу вкусни јадења и туристите се собираат во ресторанот за да вкусат уникатно зготвена храна.
Не е во прашање само вкусната храна и уникатниот метот, Ел Диабло е украсен со живописен пејзаж што може да се види од панорамските прозорци во ресторанот.

Advertisement
Advertisement

Доколку сакате да ја вкусите Канарската храна зготвена од вулкан на температури од 450 до 500 Целзиусови степени, подобро е на време да го резервирате вашето место.

Advertisement