- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникот

Рудар од Македонска Каменица се здобил со телесни повреди при работа во јама

Рудар од Македонска Каменица - Работник
174views

Во полициското одделение во Македонска Каменица било пријавено дека околу 12.15 часот при работа во јама во рудник во Македонска Каменица, 34 годишниот З.С. се здобил со повреда кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во Општата болница Кочани.

Директорот на Општа болница-Кочани, Александар Серафимов за МИА вели дека на рударот направен му е детален преглед и снимање на главата. Лекарите констатирале дека се здобил со телесни повреди, односно исеченица на десната веѓа, по што бил пуштен на домашно лекување.

Од СВР-Штип велат увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Делчево.