САДУ: Го прашуваме Министерот дали е европски од законите да се извади минималната плата и да се прави дискримнација меѓу вработените?
Соопштението на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија ви го пренесуваме интегрално:
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ има морална одговорност да ја извести јавноста, особено сите вработени во јавниот сектор за кој важат Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор во однос на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.
Имено, законите кои во вторник треба да бидат во собраниска комисија со европско знаменце, пред се го немаат поминато филтерот на Економско социјалниот совет – ЕСС и истиот е со различен текст од оној што беше ставен на ЕНЕР и можеше јавно да се коментира.
Го прашуваме министерот дали е европски од законите да се извади минималната плата и да нема усогласување на платите за сите вработени и дали е европски да се прави дискриминација помеѓу вработените, едни да добијат 15% покачување, а други 0%.
Мораме да кажеме дека за претходниот закон кој е сличен на овој имаше и мислење од Државната комисија за заштита од дискриминација (во прилог: линк ) и овој закон произведува уште поголем непотизам и клиентизам наспроти европските вредности на мерит системот.
Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија во текот на изминатата недела се обрати до сите пратеници, го искажа своето негодување, даде свои забелешки и ги повика сите пратеници да отфрлат ваков лош закон ( во прилог: допис до пратениците).
- По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста - 07/12/2024
- Мицкоски по состанокот на ЕСС: Очекувам наредната година да имаме раст кој ќе го почувствуваат граѓаните преку повеќе пари, подобри услови за бизнис и поефикасни услуги - 06/12/2024
- Во октомври зголемен бројот на слободни работни места во САД - 05/12/2024