„Сакаме лек, здравјето пред профитот“ – пациентите со цистична фиброза протестираа пред Владата
Асоцијацијата на пациенти со цистична фиброза денеска организираше протест со кој бара Владата да побрза и да им го набави лекот што е потребен.
Пациентите со цистична фиброза се револтирани поради изјавите на министерот за здравство, Беким Сали кој кажа дека терапија за болеста ќе се набави првично за осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, а ќе се стремат да се набави лек за 30 пациенти во текот на годината.
Според статистиката, во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза.

