Галуп: Дури 42 % од македонските граѓани би се отселиле од државата
Анкетата на „Галуп“ спроведена во периодот од август до октомври минатата година, покажува дека дури 42 % од македонските граѓани би се иселиле од државата.
На прашањето: „Доколку ги имате сите потребни документи, би сакале ли да живеете во друга земја или би останале каде што сте?“, 42 % од македонските граѓани одговориле дека би отишле на друго место, 55 % би останале таму каде што се, а останатите се изјасниле дека не знаат.


