Вести

Сакате да дадете отказ поради подобра понуда? Размислете добро за овие три насоки

На пазарот на труд, се чини, долго не било толку напнато. Работна сила недостига во разни клучни сектори. Инфлацијата, пак зема замав додека работодавачите ги зголемуваат платите, за да ги мотивираат работниците.

Доста од ова оди во корист на оние кои бараат работа овие денови, а притоа сакаат да се изборат за подобра позиција со подобра плата и подобри бенефити. Сепак, и тоа умее да биде стресен процес.

Откажувањето од една работа е секогаш голем чекор и бара добро планирање и паметно размислување. Еве неколку размислувања кои треба да се земат во предвид

Потрага

Одлучувањето за тоа каде сакате да работите и претпазливоста врзана со тоа што навистина сакате – се клучни фактори во потрагата по нова работа која „холистички“ ви одговара. Од суштинско значење за двете задачи е да октриете кого знаете, кој познава некој кој може да ви ги објасни можностите кои ви се на располагање и како е навистина да се работи некаде. Со други зборови, важни се контактите, вмержувањето.

Исто така, треба да ги поставите вистинските прашања за местото каде што сакате да работите, вклучувајќи го и прашањето: Како го мерите успехот? Тоа, исто така, значи да бидете мудри во овој процес: од поднесувањето на апликацијата до чекањето на повикот после интервјуто. Важно е и да не се ограничувате себеси, на пример, не се грижете ако немате универзитетска диплома, бидејќи многу работодавачи не ја бараат автоматски.

Foto: Shutterstock
Понуда

Вашата цел е да го наведете работодавачот да ви даде понуда за работа. Кога тоа ќе се случи, бидете подготвени да ја процените, за да бидете сигурни дека ги исполнува вашите потреби. За да го направите тоа, би требало да знаете колку вреди вашиот вкупен надоместок на моменталната работа. Тука треба да ги вклучите платата, бонусите и финансиската врдност на бенефициите кои ги користите.

Поседувањето на тие информации ќе ви помогне успешно да преговарате за подобар пакет на надоместок. Секако, колку и да ви се допадне понудената позиција, тоа не значи дека морате да ја прифатите.

Листа на обврски

Пред да ја напуштите моменталната работа, добро размислете кои се вашите обврски кон старата фирма. Ако имате заштедени пари, размислете што сакате да направите со нив. Исто така, утврдете ги вашите опции за да бидете сигурни дека нема да останете без здравствено осигурување или други ветувања, во било кој момент. Важно е да ставите на хартија какви опции ви се нудат од „двете страни“.

На крајот, ако вашиот план не е да најдете друга работа, туку да се впуштите во претприемачки води – бидете подготвени за барем една или две години со неизвесен приход, додека сте на почеток.

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk