Сакате да станате успешен хонорарец? Обрнете внимание на следниве работи
Пазарот на труд пополека станува се поповолен за хонорарците, поради што голем број на висококвалификувани работници во одредено поле се одлучуваат за ваквиот начин на работа.
Не смееме да го оттргнеме од ум фактот дека хонорарната работа е лесна и дека почетниците често грешат и се впуштаат во таа авантура без добар план. Лесно можете да направите грешка која може да ја чини вашата репутација како хонорарец и таа грешка може да влијае на врските коишто сте ги создале со клиентите.
JobVigo издвоил пет грешки кои хонорарците никако не смеат да ги прават. Доколку се пронајдете во некоја од нив, одвоите време и обидете се да се поправите на тоа поле.
Прифаќате повеќе обврски отколку што можете да завршите
Среќа за секој хонорарец е редовен клиент или постојани понуди за работа. Колку и да сакате да работите повеќе за да заработувате подборо, морате да бидете мудри и да одбиете одредени работи, бидејќи едноставно немате време да ги завршите. Ова посебно се однесува на ситуациите во кои сте се обврзале да завршите и предадете повеќе работи во исто време. Ако не ги одбиете работите за кои немате време, на клиентите доцна ќе им ги доставувате завршените работи и најчесто тие ќе бидат со лош квалитет. Оваа грешка може да ве доведе до потполно губење на клиентите.
Не знаете како да ги наплатите своите услуги
Одредувањето на наплатата на хонорарната услуга може да биде тешко, но неможноста да донесете одлука и да изберете начин на кои вашите клиените ќе ви плаќаат за работата, може да влијае на вашиот кредабилитет. Ако наплатите малку за да го задржите клиентот, тој тоа ќе го користи на долг рок. Но, ако наплатите повеќе, вашиот клиент попрво ќе побара друга личност отколку да ви преплати вас. Оценете го своето знаење, можностите и искуството и наплатите во согласност со нив.
Хонорарната работа ви овомзожува да им ги покажете на луѓето своите вештини, затоа што најдобро е од сите вештини во коишто сте добри, да ги издвоите и истакнете најзначајните. Ако земате работи од различни сфери, нема да напредувате, ниту па ќе усовршите одредена вештина. Специјализирајте се за една работа пред него што започнете да учите друга и клиентите ќе знаат тоа да го ценат.
Не знаете да комуницирате со клиентите
Најважниот дел од хонорарната работа е добрата комуникација со клиентите. Тие можат да ве спасат кога имае бавни денови и кога обемот на работа ви е намален. Известувајте ги за напредокот кој сте го оствариле на проектот за нив. Тоа ќе ги направи среќни и ќе бидат мирни, бидејќи знаат дека се напредува по план.