НовостиСветот на работникот

Сакате да ја промените кариерата од Х причини? Еве практичен водич како да го направите тоа

   Време за читање 4 минути

Во денешно време преминувањето од една во друга кариера е неретка појава. Луѓето ги менуваат професиите поради најразлични причини, како потрага по поголема исполнетност, подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот или финансиски раст. Менувањето на кариерата може да изгледа како страшно искуство, но е во потполност можно доколку внимателно се испланира и подготви. Во продолжение ви презентираме практичен водич кој ќе ви помогне во овој процес.

Разберете ги вашите мотивации

Првиот чекор е само-рефелтирањето. Најдете време за да ги идентификувате причините зошто сакате да ја промените кариерата. Дали се соочувате со синдром на согорување на вашето моментално работно место? Дали имате пасија за нешто друго? Разбирањето на вашите мотивации може да ги направи појасни вашите цели и да осигури дека одлуката се поистоветува со вашите вредности и долгорочни аспирации.

Истражете ја новата кариера

Пред да навелезете во необележана територија, инвестирајте време во темелно истражување на индустријата и позицијата за која сте заинтересирани. Разгледајте ги пазарот на труд, потребните вештини, сертификати и потенцијалната плата. Вмрежувањето со професионалци кои веќе работат во професијата може да ви понуди драгоцени инфорамции и да ви помогне да поставите реалистични очекувања.

Проценете ги преносливите вештини

Сигурно веќе поседувате вештини од вашата моментална кариера кои можете да ги искористите во новата. На пример, силната комуникција, менаџирањето на проекти или решавањето на проблеми често се универзални. Подвлечете ги овие вештини во вашето CV и за време на интервјуата за да демонстрирате како веќе стекнатите вештини и’ даваат вредност на новата позиција.

Стекнете ги потребните вештини

Зависно од тоа во каква кариера сакате да транзитирате, можеби ќе треба да се доквалификувате или преквалификувате. Земете предвид да се запишете на курсеви, да посетувате работнилници или да добиете сертификати. Онлајн платформите како Coursera, LinkedIn Learning и Udemy нудат флексибилни опции кои можат да ви помогнат да учите со темпо што вие ќе го определите. Дополнително, стекнувањето на практично искуство преку волонтирање и фриленсинг може да ви помогне да изградите кредибилност.

Изградете стратешка мрежа

Вмрежувањето е клучно кога сакате да ја промените кариерата. Посетувајте настани од значење на индустријата, приклучете се на релеватни групи на социјални медиуми или поврзете со професионалци преку платформите како LinkedIn. Градењето мрежа во рамките на сферата која ве интересира може да доведе до можности за ментроство, па дури и можности за вработување.

Обновете ги вашето CV и LinkedIn профил

Скроете го вашето CV на начин што ќе соодвествува со вашата нова кариера. Фокусирајте се на прикажување на вашите преносливи вештини и релевантни достигнувања. Слично, обновете го и вашиот LinkedIn профил за да ја рефлектира вашата кариерна транзиција, подвлекувајќи ги вашиот ентузијазам и посветеност на новата сфера.

Бидете подготвени за предизвиците кои доаѓаат

Кариерната транзиција доаѓа со несигурности, како започнување на пониска позиција или соочување со тешкотии при учење. За да се справите со овие предизвици, потребно е да изградите мајндсет на отпорност и раст. Запомнете, почетните тешкотии се препреки кои треба да ги поминете за да стигнете до крајната цел.

Побарајте помош

Ако се чувствувате преоптоварени, побарајте помош од професионалци. Кариерните советници или ментори можат да ви понудат пресонализирани совети и помош за успешно да навигирате низ транзицијата. Нивната експертиза може да ви помогне и да ги избегнете вообичаените препреки и да останете сконцентрирани на целта.

Заклучок

Транзитирањето од една во друга кариера изискува труд, одлучност и волја за приспособливост. Преку разбирањето на вашите мотивации, стекнувањето нови вештини и искористувањето на вашата мрежа, можете успешно да ја направите промената. Патувањето може да биде предизвикувачко, но наградата и тоа како ќе се исплати.

Фото: Freepik

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.