Само за една година бројот на договорите на определено работно време пораснал за 14 %(ГРАФИК)

Најголемиот дел од работниците се на договори на определено работно време и тоа им е познато на сите. Истото го потврдуваат и податоците на Агенцијата за вработување која води статистика за зановањето на работниот однос на луѓето коишто биле вработени во дадената година. На пример, во 2021 година од невработените лица, 83,757 биле вработени на договор на неопределено работно време, а 116,062 лица биле вработени на договор на определено работно време или како сезонски работници.

Во споредба со 2020 кога бројот на лица кои биле вработени на договор на определено работно време изнесувал 99,895, во 2021 година тој е зголемен за 13,93 %. Сепак, намалениот број на договори на определено во 2020 година се должи најмногу на последиците кои ги предизвика корона кризата поради која илјадници граѓани останаа без работа.

Редакцијата на порталот Работник изработи еден график којшто покажува колкав бил бројот на лица на неопределено и на определено работно време од 2012 до 2021 година или во период од 10 години.

Од него може да се заклучи дека во изминатите десет години договорите на определено работно време предничат пред тие на неопределно, што покажува дека работодавачите се повеќе склони кон договорите на одреден временски период. Ако земеме просек во 10 годишниот период, бројката на договори на неопределено работно време се движи околу 82,000 лица, додека просекот кај договорите на определено работно време изнесува околу 105,000 лица.

Разликата не е голема, но очекувањата се дека бројот на договори на определено работно време ќе расте уште повеќе во иднина.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.