- Advertisement -
КолумниНовости

Само обединети работници, можат да се изборат за работничките права

Продуктивноста на работниците - Работник
724views

Формирање на синдикат во некои од дејностите во приватниот сектор, за жал, се уште е „табу тема“ и тоа е така бидејќи на некои од газдите не им одговара работниците да се здружени и на тој начин да си ги бараат своите права. Од друга страна државата во овие 30 години, откако е самостојна не прави ништо во насока да се смени овој лош принцип. 

Имено, знаеме дека синдикатите служат за извршување на притисок и знаеме дека работниците кога се сплотени заедно, имаат повеќе можност, но и капацитет да се изборат за своите работнички права коишто секојдневно се прекршуваат (уште поголемо прекршување е забележано во ек на корона кризата) во приватниот сектор. Тука морам да потенцирам дека не секаде се прекршуваат, има и чесни работодавачи кои им ги овозможуваат сите права и бенефиции на работници, кои патем им следуваат согласно позитивните законски пропоиси, но поголемиот дел од газдите го прават тоа, без притоа да не сносат никакви консеквенци за истото, што е навистина обесрхабрувачки за работниците во приватниот сектор.

Еве, да го земам за пример угостителството. Таму е исклучиво тешко да се организраат работниците во синдикат, бидејќи во истиот момент кога ќе се пројави таа намера кај вработените, одредени газди се обидуваат ведаш да ја згаснат таа намера. Зошто? Бидејќи ако формираат синдикат, работниците ќе можат да бидат многу погласни во своите барања, како и ќе можат да ги користат сите синдикални средства коишто им се на располагање. Има и примери каде што одредени газди ги вртат вработените еден против друг за да не бидат сложни, преку давање на одредени бенефиции на некои од нив, по што се создава голема несогласност помеѓу вработените. Газдите имаат бројни механизми како да ја срушат идејата за синдикално организирање, но затоа работнците и покрај се треба да останат сложни и да го реализираат својот план. Само на тој начин можат да успеат.

Кога вработените се синдикално организирани, тогаш можат да излезат да протест, да применат одредени правни лекови и на крајот на краевите да прогласат штрајк, доколку и тоа е потребно. Па видете само што се случува на Запад. Таму доколку им се прекршат работничките права, веднаш тоа гласно го искажуваат, но тие се сплотени и не дозволуваат ништо да ја уништи нивната обединетост, бидејќи таа е за нивно колективно добро, а не само за еден поединец.

Поради тоа, вработените во приватниот сектор во Македонија, мора да соберат храброст и заеднички да се сплотат во борбата за подобри работнички права. Гласно да говорат за своите проблеми и да не доволуваат одредени тактики за уништување на нивната сплотеност од страна на газдите, да ги раздвојат. 

Еден човек, не може да смени ништо, но повеќе, можат да сменат многу работи. 

Бобан Илијевски

Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги изразува официјалните ставови на порталот Работник