Полицијата прекинала забава во угостителски објект кој работел по работното време, приведен сопственикот
Полицијата го лишила од слобода сопственикот на угостителски објект во гостиварско Неготино. Во неговиот објект бил отворен и покрај ограничување на работното време, а во него имало гости и музичари.
Според СВР Тетово во акциската контрола на полициски службеници од ОВР Гостивар, која била направена во периодот од 21:40 до 23 часот во објектот, што се наоѓа покрај автопатот Гостивар-Тетово биле затекнати дваесетина гости и 11 женски лица на возраст од 19 до 32 години. Седум од нив биле македонски државјанки, а четеири со албанско државјанство. По контролата, сопственикот С. Т. (20) и странските државјанки се задржани во полициската станица.
Инспектори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) по контролата донеча решение за затворање на објекто на опеделно време.з

