ПравдаСветот на работникот

Светски ден за безбедност и здравје на работа оваа година со акцент на Ковид- 19

164views

Меѓународната организација на трудот го одбележува 28 април како Светски ден за безбедност и здравје на работа. Тоа е меморијален ден кој е посветен на работниците кои своите животи ги изгубиле поради повреди на работа и професионални болести.

Светскиот ден за безбедност и здравје на работа оваа година се одбележува во многу специфични и сериозни околности, што сите нас не става пред големи професионални предизвици, а тоа е пандемијата на КОВИД-19.

Актуелната состојба со пандемијата во светот, како и обврските на работодавачите и правата на работниците во остварување на соодветна безбедност и здравје на работа, се причина овогодишната кампања на Меѓународната организација на трудот да се реализира под мотото „СТОП за пандемијата: Безбедноста и здравјето на работа може да спасат животи”. 

Светскиот ден за безбедност и здравје при работа е посветен на сите здравствени работници кои ги изгубија своите животи од КОВИД-19, грижејќи се за своите заболени пациенти, со порака дека ниту еден работник не смее да умре како резултат на професионална изложеност на коронавирус.