МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

СГИП: Да се преземат мерки за спречување на Корона вирусот поради транзитирањето на Кинеските работници

   Време за читање 1 минута

Имајќи ги во предвид препораките и заклучоците на Светската здравствена организација за Корона вирусот, најновите случувања во регионот и светот, каде државите преземаат соодветни превентивни мерки се со цел заштита на граѓаните, како и фактот дека на територијата на Република Македонија, Кинеската компанија Синохидро врши дејност на повеќе локации со вработени од Република Кина кои редовно транзитираат на релација Македонија  – Кина, Ве повикуваме како одговорни за нашите работници и граѓани да со своите надлежни органи и тела преземете соодветни мерки и актвности за спречување на ширењето на вирусот на наша територија, исткануваат од Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП во барањето поднесено до Министерството за здравство, труд и социјална политика и Институтот за јавно здравје.

„Од она што го гледаме на терен, има постојано заминување и доаѓање на кинските работници од компанијата Синохидро за што апелираме да се преземат соодветни превентивни мерки согласно препораките на СЗО, без притоа да го лимитираме нивниот престој за работа“, наведуваат од СГИП во соопштението.

Тие како единствен репрезентативен синдикат на вработените од секторот градежништво и индустрија за градежни материјали се загрижени за работниците и граѓаните и очекуваат повратна информација за преземените мерки, со цел избегнување на непланираните одложувања и прекини на градежните активности кои се во тек, порачуваат од СГИП.