НовостиСветот на работникот

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36 %

   Време за читање 1 минута

СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование за 36 %, стои во соопштението на партијата.

Од друга страна, велат, ВМРО – ДПМНЕ за 11 години, платите на наставниците ги зголеми само за 4 %.

Од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина. Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32,500 вработени во основното и средното образование добиваат плата повисока за 15 %, истакнаа од партијата. 

Тоа, како што велат, е зголемување во просек од 3,000 денари по вработен.

СДСМ и во време на кризи, здравствена, економска, енергетска, вистински се грижи за учениците, наставниците и образовниот систем, велат од партијата.

СОНК во април месец оваа година одржа тринеделн штрајк поради неусогласувањето на платите во образованието со минималната плата и бараше зголемување од 18,4 %. Во текот на штрајкот не беше постигнат договор, па Владата и СОНК проблемот го решија преку постапка за мирно решавање на работните спорови, по што Владата се согласи да ги зголеми платите.