Сексуалните работници добиваат исти права како и другите професии
Сексуалните работници во Белгија ќе можат, како и останатите вработени во другите професии, да потпишуваат формални договори за вработување и да стекнат право на работа.
Новиот закон многумина го гледаат како легален напредок кој може да се опише како „револуција“.
Според новиот Закон, сексуалните работници имаат право да одбијат клиент и да ја изберат својата пракса, пренесе новинската агенција АП.
Оваа мерка е резултат на одлуката на Белгија од 2022 година да ги декриминализира сексуалните работници.
Новите прописи исто така предвидуваат дека тие ќе можат да користат здравствено осигирување, платени отсуства, додатоци за продилно отсуство, надоместоци за невработеност, како и право на пензија. Со новите прописи регулирано е и нивното работно време, како и мерките за безбедност.
„Ова е неверојатен чекор напред“, рекла координаторката на групата Еспас П. која учествувала во правењето на нацрт Законот, Изабел Жармило, додавајќи дека тоа значи дека Белгија конечно ја признава како легитимна професијата на сексуалните работници.
Таа истовремено укажала на тоа дека тоа е и револуција од аспект на работодавачите, бидејќи сега ќе мораат од државата да добиваат дозволи за да ангажираат сексуални работници.
Земјите како Германија и Холандија го легализирале пружањето на сексуални услуги, но не го примениле сеопфатните прописи за заштита на професијата и правата на работа на сексуалните работници како што тоа го направила Белгија.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Tero Vesalainen
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025