Светот на работникот

Имате големи цели, но тоа што премногу размислувате ве кочи? Еве како да го промените тоа

Кога станува збор за остварување на големи цели, еден совет се повторува речиси секогаш: потребно е да се дејствува и да се биде доследен. Во теорија, звучи едноставно. Во пракса, бројни препреки можат да го отежнат тој чекор.

Еден од нив е претереното размислување, карактеристика која често ги следи луѓето кои себеси си поставуваат високи цели. Знаете што би требало да направите, но почнувате да се соменвате дека тоа е вистински потег. Или себеси си создавате толкав притисок што првиот чекор станува застрашувачки оти се плашите дека нема да бидете доволно добри.

Така настанува маѓепсан круг. Што повеќе размислувате, потешко ви е да започнете, а отпорот кон акцијата може да стане речиси парализирачки. Сепак, постојат начини на кои можете да го промените тој образец.

1. Утврдите зошто премногу размислувате

Првиот чекор е да разберете зошто воопшто имате потреба претерано да анализирате. Шерон Спано, псхиолог кој се бави со организациски развој и работи со лидери и раководители, наведува дека причините често можат да се сместат во две категории.

Кај некои луѓе потребата за дополнителни информации и времето за донесување на одлуки е дел од нивниот начин на функционирање. Кога ќе станат свесни за тој образец, полесно можат да го препознаат на време и да направат поинаков избор.

Други, сепак, можат да го помешаат донесувањето на одлука со одлагањето и претераното анализирање. Тоа е посебно изразено кај перфекционистите. Карактеристика која можеби им помагала во пораните фази од кариерата може да стане препрека кога ќе преземат поголема одговорност или ќе започнат сопствен бизнис.

Во тој случај потребно е да се оди чекор подлабоко и да се запраша: зошто всушност премногу размислувам? Дали се сомневам во своите способности, се грижам за тоа како ќе изгледам пред другите или се плашам од неуспех?

Џоландер Хедли, коуч за развој на лидерство и основач на уметиничкото училиште Joe’s Acadamy of Music, го препознала тој образец кај себе и кога нејзината академија добила прилика да настапи во Карнеги хол.

„Во главата размислував: Не сме се’ уште доволно добри, не сме подготвени“, се присетува Хедли. Поради тоа, како што вели, ја пропуштила шансата нејзината академија да биде претставена во Карнеги хол.

2. Размислувајте за она што можете, а не само за она што недостига

После тоа искуство, Хедли сфатила дека мора да го промени начинот на размислување.

Луѓето кои себеси си поставуваат високи цели често се плашат од грешки, бидејќи неуспехот го поистоветуваат со недостаток на успех. Меѓутоа, неуспех не е нужно спротивноста на успехот. Понекогаш едноставно е дел од патот до него.

Наместо да размислува за тоа што би можело да тргне по лошо, Хедли започнала да се потсетува на она за што е способна.

Кога нејзината академија добила шанса да испрати понуда за соработка со школските дисткрикти, нејзината прва реакција повторно била дека не се доволно подготвени. Меѓутоа, овојпат, поставила поинакво прашање: „Што можам прво да направам?“

Вклучила други луѓе во процесот, делегирала задачи и проекти и така го претворила размислувањето во конкретни чекори.

3. Соочете се со цената на прекумерното размислување

Секоја одлука која ја носиме затоа што премногу размислуваме има своја цена. Тоа може да биде изгубено време, побавен напредок или пропуштена прилика. Проблемот е во тоа што луѓето кои тежнеат кон перфекција понекогаш претераното анализирање и одлагање можат да го доживеат како дел од своето настојување работата да ја завршат што е можно подобро.

Затоа Спано советува да се согледа што таквиот начин на размислување всушност произведува. Можеби успевате да завршите голем број на задачи, но дали тоа го правите ефикасно? Дали со своето одлагање ги забавувате колегите или им отежнувате на другите да преземат чекори кои се потребни за напредување?

Една од корисните техники може да биде водење на дневник. Кога ќе забележите дека повторно сте влегле во круг на претерано размислување, запишете што сте направиле поради тоа, но и што не сте направиле. Ако работите со други луѓе, обрнете внимание и на нивните реакции.

Целта е да станете свесни за последиците на својот образец на однесување, наместо автоматски да го прифаќате како дел од својата личност.

4. Славете го напредокот, а не совршенството

За Хедли најголемата промена дошла кога престанала да се фокусира на совршен резултат и започнала да обрнува внимание на напредокот.

Луѓето кои себеси си поставуваат високи стандарди често имаат чувство дека мораат се’ да решат пред да го направат првиот чекор. Меѓутоа, да се биде одличен не мора да значи се’ да биде совршено.

Напредокот доаѓа од тоа континуирано да го праавите она што најдобро можете и патем да се подобрувате. Тоа не значи дека морате да ги завршите сите 25 работи од листата на задачи. Поважно е да се препознаат неколкуте потези кои навистина можат да ве приближат до целта.

Кога ќе ги идентификувате, претворете ги во конкретни задачи и внесете ги во календар. Корисно е да поставите и рокови или да пронајдете личност која може да го следи вашиот напредок и да ви помоогне да останете одговорни за она што сте го зацртале.

Важно е и да го забележите сопствениот напредок. Наместо успехот да го мерите само со тоа дали до одреден датум сте завршиле се што сте планирале, поставете си го прашањето: дали свесно сум се приближил до она што ми е навистина важно?

5. Не занемарувајте ги здравите навики

Борбата против претераното размислување не е само ментален процес. Начинот на кој се грижиме за телото, исто така, може да влијае на способноста да останеме фокусирани и да преминеме на акција.

Дали доволно спиете? Имате ли време за одмор и опоравување од стресот? Дали се движите и правите паузи?

Долгата работа и недостатокот на сон можат да придонесат кон негативен начин на размислување и да го отежнат смирувањето на умот. Недостатокот на мотицација за акција понекогаш може да биде и знак на исцрпеност или прегорување.

Затоа е важно да се постават граници и да не се прифаќа секоја обврска или секое барање кое ќе се појави.

На крајот, доследното делување не е одржливо ако се базира на постојано исцрпување. Напредокот изискува акција, но изискува и одмор. Како што вели Хедли, успехот изискува и намерен одмор.

Извор: BIZLife.rs