Вести

Што повеќе нешто сакате, помали се шансите да го добиете? Психологијата има објаснување – Гамперсонов закон

Во светот на психологијата постои интересна теорија позната како Гамперсонов закон, која тврди нешто што на прв поглед звучи потполно нелогично: што повеќе нешто сакаме, помали се шансите да го оствариме.

Според овој концпет, што повеќе сме опседнати со некоја цел или потреба, толку повеќе таа цел ни се чини недостижна. Феноменот прв го опишал доктор Гамперсон во 1938 година, а неговата теорија сугерира дека интензивното чезнеење за одреден исход всушност може да го отежнее неговото остварување.

Тероријата позади Гамперсоновиот закон

Гамперсовиот закон поаѓа од претпоставката дека она што најмногу го сакаме останува тик вон нашиот радиус. Еден едноставен пример е чекањето автобус. Замислете дека стоите на постојка и нетрпеливо чекате одредена линија. Додека гледате како поминуваат другите автобуси, ви се чини дека токму тој што ви е потребен никако да стигне.

Слично чувство се појавува и во другите области на животот. На пример, лицето кое очајнички сака партнер или брак често има впечаток дека љубовта стално му бега. Меѓутоа, кога ќе престане да се оптоварува со таа желба, приликите како да се појавуваат сами од себе. Во меѓувреме, некој кој воопшто активно не барал врска може сосема случајно да запознае лице со кое за брзо ќе започне сериозна врска.

Психолошки механизми кои стојат зад овој феномен

Овој закон често се објаснува со теоријата на фокусот. Кога сите вниманието ќе го насочиме кон една цел, нашата прецепција на реалноста станува искривена.

Да се вратиме на примерот со автобусот. Иако поминуваат бројни други линии, лицето кое чека само една го забележува само нејзиното отсуство. Се’ останато станува неважно.

Слично се случува и кога станува збор за љубовните односи. Лицето кое е премногу фокусирано на пронаоѓањето на партнер станува претерано свесно за својата осаменост, што дополнително ги зголемува фрустрацијата и чувството дека времето поминува бавно. Кога вниманието ќе се насочи на други аспекти на животот, можностите за запознавање нови луѓе често се појавуваат спонатано.

Овој феномен е поврзан и со поимот на когнитивната пристрасност, односно менталните обрасци кои влијаат на начинот на кој ги доживуваме времето, настаните и приликите. Кога сме опседнати со една цел, лесно ги превидуваме другите патишта кои водат до истиот резултат.

Желбата не е доволна – клучот е во акцијата

Иако Гамперсоновиот закон нуди интересно објаснување на човечкото однесување, неговата главна порака не е дека треба да се откажеме од своите желби.

Напротив.

Поенатата е дека самата желба не е доволна. Успехот не доаѓа од пасивно чекање, туку од активното делување. Било да бараме работа, партнер или сакаме да оствариме лична цел, резултатите доаѓаат како последица на конкретни чекори, а не само интензитетот на нашите желби.

На пример, лицето кое сака партнер може толку да се фокусира на самата цел и да ги занемари активностите кои би му овозможиле да запознае нови луѓе. Наместо опсесивно размислување за резултатот, покорисно е да се работи на самодовербата, да се развиваат интересирања и да се прошири социјалниот круг.

Психолошки блокади кои не’ сопнуваат

Важен дел од разбирањето на овој парадокс е препознавањето на психолошките обрасци кои влијаат на нашето однесување.

Еден од нив е интимофобија – страв од блискост. Лицето може истовремено да сака емотивна поврзаност и несвесно да ја саботира секоја прилика за остварување на блиска врска поради претходни лоши искуства или страв од повредување.

Така настанува парадокос: што желбата за блискост е поголема, толку може да биде изразено избегнувањето на ситуациите кои би можеле да доведат до неа.

Препознавањето и преминувањето на овие обрасци се клучни за прекинување на маѓепсаниот круг на неостварени желби.

Моќта на пренасочување на фокусот

Една од најважните лекции на Гамперсоновиот закон е важноста на отпуштањето на претераната повразност за исходот.

Кога ќе престанеме опсесивно да размислуваме за тоа што го сакаме и фокусот го насочиме на други аспекти од животот, создаваме поздрав и побалансиран пристап кон остварување на целите.

На пример, лицето кое е потполно фоксуирано на основање на семејство може повеќе да добие ако дел од енергијата ја насочи кон личниот развој, хобијата, кариерата и градењето на самодоверба. Таквиот пристап често доведува до тоа посакуваните односи да се развијат природно, без притисок и фрустрации. Гамперсоновиот закон не вели дека желбата е лоша, туку дека мора да биде пропатена со акција.

Ако сакате партнер, не е доволно само да го посакувате. Потребно е да запознавате нови луѓе, да учествувате во активности кои ве интересираат, да ги ширите социјалните контакти или, по потреба, да работите на сопствените ограничувачки верувања низ разговор со експерт.

Истиот принцип важи и за кариерата, финансиите или личниот развој. Наместо чекање работите самите од себе да се наредат, многу покорисно е да се носат промислени одлуки и енергијата да се вложува во активности кои не приближуваат до целта.

Рамнотежа помеѓу желбата и акцијата

Суштината на Гамперсоновиот закон може да се сведе на едноставна порака: желбите се природни, но не смеат да станат опсесија.

Кога ќе престанеме да го мериме секој момент според тоа колку сме блиску до посакуваната цел и наместо тоа започнеме да живееме активно и смислено, создаваме многу повеќе простор за успех.

Со други зборови, наместо нервозно да го чекаме „вистинскиот автобус“, подобро е да се фокусираме на тоа да научиме како да стигнеме таму каде што сакаме. Токму таа рамнотежа помеѓу желбата, трпението и акцијата често носи резултати кои ги преминуваат нашите очекувања.

Извор: BIZLife