Младите и образованите полесно доаѓаат до работа: Една држава убедливо води
Според најновите истражувања на Европската канцеларија за статистика – Евростат, стапката на вработеност на младите луѓе на возраст помеѓу 20 – 34 години кои неодамна завршиле средно или високо образование во ЕУ е во пораст.
Во споредба со 2024 година, кога изнесувала 82,3 %, сега пораснала на 83,0 % во 2025 година.
Во последните 11 години, се подобрила дури за 7,5 процентни поени (пп).
Стапката на вработеност на неодамна дипломирани студенти со високо ниво на стручна спрема во 2025 година била 87,0 %, скоро десет пп повеќе отколку за оние со средно образование, која изнесувала 77,2 %.
Кога ќе ги споредиме земјите на Европската унија, на прво место се издвоила Малта со 91,0 %, пред Германија (90,6) и Холандија (90,1). Од другата страна пак, се наоѓаат Грција (62,4 %), Италија (71,8 %) и Романија (72,7) со најниска стапка на вработеност.
На ниво на Европска унија, стапката на вработеност меѓу неодамна дипломираните студенти била повисока кај мажите (84,4 %) отколку кај жените (81,5 %), а предничела Чешка со 92,4 %, по што следеле Холандија со 92,1 и Германија со 92,0 %. На другата крајност се Грција (56,8 %), Италија (73,3 %) и Романија (74,9 %).
Кај жените поредокот е нешто поинков. На врвот е Малта со 90,5 %, на второ место е Германија (89,0), а на трето место Австрија (88,8 %). Најниски стапки забележани се во Грција (68,6 %), Италија (70.2 %) и Романија (70,3 %).
Во 18 земји на ЕУ, стапката на вработеност меѓу неодамна дипломираните студенти била повисока кај мажите отколку кај жените. Меѓу овие земји, Чешка (+12,2 пп), Летонија (+10,3 пп) и Словенија (+6,3 пп) забележале најголеми разлики. Во земјите каде стапките на вработеност биле поголеми кај жените, најголеми разлики се утврдени во Грција (+11,8 пп), Естонија (+5,0пп) и Финска (+4,4 пп).
Извор: EUpravo zato

