МакедонијаНовостиПравда

Се воведува кризна состојба, полициски час засега нема

Се воведува - Работник
68views

Претседателот Пендаровски побара, Владата ќе прифати – кризна состојба во траење од 30 дена на целата територија на државата. Државата и здравствените власти ќе може да ги користат ресурсите и капацитетите на приватниот здравствен систем

СКОПЈЕ – „Не треба да кажуваме – сите знаеме дека состојбата со коронавирусот кај нас е исклучително сериозна.Во таа смисла, после исцрпна дискусија во која учествуваа сите присутни членови на Советот донесовме заклучок, Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија во траење од 30 денови“, соопшти претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност во „Вила Водно“.

Според процедурата Управувачкиот Комитет да и предложи на Владата да донесе одлука за 30 дневна кризна состојба како и законско решение кое ќе им овозможи на надлежните ангажирање и вклучување на Армијата, соработка со полицијата, вклученост на општините како и преземање на управувањето со приватните здравствени капацитети.

Повеќе на Глас на Америка