МакедонијаПравдаСветот на работникот

Се враќаат во редовен работен процес вработените во институциите надлежни за спроведување на изборниот процес

   Време за читање 1 минута

На денешната седница, Владата го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести, со кој од категориите на лица кои се ослободени од работа и работни активности – родителите на деца до 10-годишна возраст, во овој период да се вратат на работните места само родителите на децата кои се вклучени во воспитно-образовниот процес во училиштата, имајќи предвид дека учебната 2019/2020 година е завршена.

Дополнително, институциите кои за време на претстојните предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат зголемен обем на работа во делокругот на нивната надлежност поврзана со изборниот процес, како на пример Основниот и Вишиот управен суд, Државната изборна комисија и други, да ги вратат во редовен работен процес вработените лица во овие институции кои по различни основи се опфатени и ослободени од работни активности со мерките и препораките на Владата со  цел непречено извршување на редовните законски надлежности поврзани со активностите во изборниот период.

На денешната седница Владата го утврди Протоколот за работа на Дневните центри за деца и лица со попреченост во услови на епидемија на заразната болест КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика, како надлежно во делот на дневно згрижување на деца и лица со попреченост, го подготви протоколот кој се заснова на одлуките, препораките, одредбите, протоколите и останатите пишани документи издадени од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по укинување на вонредната состојба и со започнувањето со работа на дневните центри.