Светот на работникот

Се зависи од вас: Овие шест типови на луѓе не добиваат покачување на работа

   Време за читање 3 минути
Иако сте добар работник кој ги извршува своите задачи кои му се задаваат, одлуката за вашето зголемување на платата зависи и од однесувањето кое го имате на работа. Некои луѓе имаат среќа со тоа, дури и ако работат помалку, додека овие шест типови на личности ретко добиваат покачување.
Во идеален свет покачувањето би имало помалку врска со нашата личност, а повеќе со објективното достигнување на работа. Сепак, тоа не е вистинската слика, одредени личности добиваат подобри шанси за работа од други, пишува Бизнис Инсајдер.
Овие шест типови на личности најчесто тешко доаѓаат до покачување и побавно напредуваат во работата, дури и кога имаат прилика за тоа.1. Pričalica Зборувачи
Иако оние кои добро комуницираат со другите, често оставаат убав впечаток врз надредените, доколку своите паузи ги користат за оговарање со колегите, нема да бидат посакувани кандидати за унапредување или покачување.2. Otirač Тријачи

Ефикасните работници кои го исполнуваат секое барање на својот надреден кога тоа е возможно секако се посакувани и често наградувани, но доколку претерувате, преземајќи на себе преголем број на работни задачи кои не можете да ги завршите како што треба, тогаш тоа не остава добар впечаток. Овој тип на луѓе често не знаат да се заземат самите за себе кога ќе дојде моментот за тоа, туку се пренатрупани со работа која самите ја прифатиле, па во целиот хаос не делуваат професионално на надредените во фирмата.

3.Негативец

Рабитниците кои постојано ги одбиваат сугестиите на своите колеги, кои секојдневно се жалат без обид да ја подобрат својата ситуација и кои ретко имаат убав збор за некого, најчесто имаат лоша оценка кај надредениот, што значи дека за покачување не ни треба да размислуваат.

4. Дама во неволја

Ако сакате да бидете добар тимски играч, морате да знаете да преземете одговорност за своите грешки и реалистично да ги согледате своите слабости. Ако се претставувате како жртва, секогаш ги обвинувате другите, тешко дека ќе ја стекнете довербата на вашите колеги, а со нив и на својот надреден кој одлучува за вашето покачување.

5.Бесен тиранин

Настапите на бес не се прифатливи за никого кој е постар од пет години, но некои вработени сметаат дека тоа не е несоодветно оденување. Тие го вадат својот бес кога тоа е возможно поради што страдаат невините колеги. Оваа личност нема да добие покачување бидејќи се создава атмосфера од страв која не е добра за севкупното достигнување на тимот.

6.Сезнајковци

Работодавачите најчесто бараат сестрани работници кои сакаат да учат и да го прошируваат знаењето. Сепак, доколку постојано ги исправате колегите, а тие да не ве прашале за помош или инсистирате на своите идеи и стратегии, истакнувајќи ги подобро од другите (без јасно фактичко покритие) и ако јасно истакнувате дека себеси се сметате за најпаметна личност во просторијата, колегите и надредените нема да имаат убаво мислење за вас, а и нема да добиете ни покачување.