- Advertisement -
ПравдаСветот на работникот

Се зголемува бројот: 72 медицински работници во Македонија заразени од корона вирусот

Се зголемува бројот - Работник
432views

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 72 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 7.април.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Advertisement

Заболени здравствени работници има од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар.

Advertisement

Advertisement
Advertisement