Неделков ќе побара да се исплатат парите за прекувремената работа на наставниците од Царовска
Нема никаква реакција по најавите на Синдикатот за образование, наука и култура дека ќе биде организиран штрајк и дека нема да им се даваат свидетелства на учениците ако не им се исплатат пари на околу 600 наставници што работеле прекувремено во изминатава учебна година. Јаким Неделков, првиот човек на Синдикатот, вели дека до него стасала информација дека само во Општина Шуто Оризари има договор за исплата на парите, а во ниту една друга општина нема никаква најава за вакво нешто. Според пресметките, секој наставник што работел прекувремено треба да добие во просек по околу 45.000 денари, а такви наставници, според податоците на СОНК, има околу 600 во државата.
Повеќе на Факултети.мк

