СЕ КРЧКА ЛИ УШТЕ ЕДЕН ШТРАЈК: И полицијата бара покачување на платите!
Полицискиот синдикат, во име на вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Национална безбедност, Агенцијата за Разузнавање и Управата за Финансова полиција, бараат покачување на платите.
„Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за Национална безбедност, Агенцијата за Разузнавање и Управата за Финансова полиција секојдневно покажуваат на дело како се сака таткоината и како се извршува службата што им ја доверила истата. Исправени гордо пред браникот на нашата држава ја манифестираат нивната човечност и саможртва оставајќи пример за идните генерации, пример за тоа како се сака и почитува својата татковина во време на бројни предизвици со кои секојдневно се соочуваме во минатото но и денес, дослено ги извршуваат своите работи и работни задачи согласно законската регулатива.
Водени од практиките од соседните земји и земјите од Европската унија и финансиската состојба на нашите членови од Ваша страна, бараме платите на нашите вработени да бидат покачени за најмалку 2о проценти“ се вели во нивното барање.